За 24 часа починаа 26 лица од коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа починати се 26 лица, информираа од Министерството за здравство, доцна вечерва. Најголем број од починатите лица се од Скопје.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца пациенти од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти.

.

Извор: ТВ21