За амандманите ќе се дискутира со пратениците

За уставните амандмани ќе следува инклузивен процес. Наместо во Владата, нацртите ќе се изработат во Собранието преку дебата на пратениците од власта и опозицијата, вели премиерот Заев.

Очекува процесот да трае пократко од предвидеите 15 дена. Со отворање на следните фази од амандманската расправа, Заев се надева на поголема поддршка од опозицијата.

Во четирите барања кои ги доставија опозициските пратеници, Заев не гледа ништо спорно.

Помирувањето и простувањето за кое зборуваше Заев, за вицепремиерката Радмила Шекеринска треба да почне во Собранието и да продолжи во сите свери на опшеството. Потврдува дека Владата нема да се меша во работата на судиите и на јавните обвинители.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека не се почитува волјата на мнозинството граѓани. Според нив случувањата во Собранието покажале која е вистинската заднина за затворањето на пратениците за 27 април. Тие остануваат на ставот дека партијата е против промена на името со прифаќање на договорот од Преспа.