Првиот што се збогуваше со Елизабета Втора пристигна пред изгрејсонце. Властите предупредија дека чекањето за последното збогување на кралицата може да потрае и до 30 часа, па луѓето треба да складираат храна, вода и лекови доколку е потребно.
„Имаме солени колачиња, не многу здрави. Носиме и тоалетна хартија, но ќе ја јадеме само во случај да умреме од глад“, се пошегува Гејл. Таа и нејзините пријатели не ја изгубиле смислата за хумор иако денот им започнал во 4 часот наутро. Жолтите нараквици на нивните раце значат дека се меѓу првите 2.500 во редот.
За долгото чекање, двојката Викторија и Џејмс земаа слободен ден и соодветно читање. „Оваа книга за кралицата веќе некое време чека на полицата на библиотеката. И кога барав убава, голема книга која ќе ми трае 18 часа читање во редот, решив дека тоа е тоа“, вели Викторија.
Полначите за телефони и преносните столчиња се покажаа меѓу задолжителните додатоци. Хемиските тоалети и мобилните медицински тимови се насекаде за да пружат помош доколку е потребно.
За да го стопли народот со утешни зборови, напладне кај нив дојде лично надбискупот од Кентербери – поглаварот на Англиканската црква. „Овие луѓе се неверојатни затоа што многу други немаат шанса да дојдат, а тие се тука и за нив. Мислам дека љубовта на кралот кон нас и неговото ветување дека ќе и служи на оваа земја треба да ни каже дека не треба да се плашиме од иднината“, им порача архиепископот на насобраниот народ.