Најголемиот глечер лоциран на највисоката планина во светот брзо го губи мразот кој се формирал со децении, а сето тоа поради климатските промени предизвикани од човекот, покажа најновото истражување.
Новото откритие може да послужи како предупредување дека забрзаното топење на глечерите на највисоките точки на планетата може да доведе до уште поголемо влијание врз климатските промени. Топењето на мразот го зголемува ризикот од лавини и го исчезнува снабдувањето со свежа вода од која зависат околу 1,6 милијарди луѓе кои живеат во планинските области ширум светот.
Мразот што се формирал пред 2.000 години на глечерот Јужен Кол се стопил во последните 25 години, што значи дека се стопил 80 пати побрзо отколку што требало да се формира.
Тим од научници и планинари го посетија овој глечер во 2019 година и собраа примероци од ледена кора долга десет метри. Покрај тоа, тие ги поставија двете највисоки автоматски метеоролошки станици за да собираат податоци за времето и да добијат одговор на прашањето дали најголемите глечери се погодени од климатските промени.
Научниците сега дошле до одговор кој потврдува дека загадувањето влијае и на најскриените краеви на земјата, како и дека ја нарушува рамнотежата во природата, што обезбедува површини покриени со мраз и снег.