Македонија

За премиерот Рама начинот на однесување на Бугарија кон Северна Македонија е срам

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау” меѓу другото се задржува и на евронтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Северна Македонија го нарекува срам.

-Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам. Софија повеќе не’ подели отколку што не’ обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега, изјавил Рама, јави АБЦ њуз.

За отворањето на преговорите со ЕУ, тој, нагласува: „нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа”.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни