За прв пат, маж истрча маратон за помалку од 2 часа, а оваа жена го сруши светскиот рекорд на сите времиња!

Атлетичарката од Етиопија, Тигст Асефа, постави нов светски рекорд во маратон во конкуренција „само жени“, откако денеска победи на Лондонскиот маратон со време од два часа, 15 минути и 41 секунда.

Асефа со овој резултат го собори сопствениот светски рекорд (2:15:50), кој го постави минатата година исто така на Лондонскиот маратон. Со тоа таа уште еднаш ја потврди својата доминација во светската атлетика во оваа дисциплина.

Второто место на овогодинешниот Лондонски маратон го освои Кениечката Хелен Обири со време 2:15:53, додека трета беше нејзината сонародничка Џоиселин Џепкосгеј со 2:15:55.

Асефа го држи и вториот најдобар резултат во историјата во трка заедно со мажи – 2:11:53 постигнат во Берлин во 2023 година, додека апсолутниот светски рекорд во маратон (со мажи) е 2:09:56, поставен од Рут Чепнгетич во Чикаго во 2024 година.

Инаку, во текот на денот во Лондон беше поставен и нов рекорд во машка конкуренција, откако Себастијан Саве истрча маратон под два часа, а тројца натпреварувачи беа побрзи од претходното најдобро време.