За три дена 3 деца починаа од морбили, епидемиологот Караџоски ги обвинува родителите

За три дена, од морбили починаа три деца.

Третата жртва е 13 месечно бебе од тетовско. Тоа не било вакцинирано, а починало вчера во доцните вечерни часови, известуваат од Институтот за јавно здравје. Воедно од таму велат дека саботата 13 месечното бебе било пренесено на Инфективна клиника поради типична клиничка слика на морбили. Било во тешка состојба. Откако во доцните вечерни часови е пренесено на Детската клиника, бебето ја загубило битката со болеста.

Епидемиологот, Жарко Караџоски, изрази гнев и ги обвини родителите кои не ги вакцинираат своите деца. Тој вели дека тие се одговорни за судбината на своите деца и вршат геноцид врз нив. Караџоски рече дека епидемијата на морбили ќе продолжи се додека не се вакцинираат или имунизираат 90% од граѓаните.

Од Министерството за здравство повторно упатија апел за вакцинација со МРП вакцина, почнувајќи од бебиња на 6 месечна возраст до возрасни кои имаат 45 години. Од ова Министерство ги убедуваат граѓаните дека вакцините се со проверен квалитет.

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината  во  здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.“ – Министерство за здравство

Од почетокот на епидемијата, инфицирани се 220 лица, известуваат од Министерство за здравство. Во Скопје регистрирани се пет нови случаи, а околу 30 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Од Институтот за јавно здравје известуваат дека досега се вакцинирале околу 20 илјади лица без никакви несакани ефекти.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното