Македонија

Забрани за камиони на Стража, Буково, Маврово – Дебар и кон Деве Баир, магла ја намалува видливоста

Забрани за камиони на Стража, Буково, Маврово – Дебар и кон Деве Баир, магла ја намалува видливоста

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информира АМСМ. Снег врне на повисоките делови од државата, додека во пониските предели врнежите се со послаб интензитет.

Според известувањето, на сила се забрани за движење на тешки товарни возила на следните патни правци:

  • Маврово – Дебар и планинскиот премин Стража, воведени од 18:00 часот;
  • Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, од 22:15 часот;
  • Ресен – Охрид преку превојот Буково, од 04:42 часот поради снежните врнежи.

Магла ја намалува видливоста до 100 метри на планинскиот премин Плетвар, на патните правци Гостивар – Кичево, Маврово – Дебар и Крива Паланка – Деве Баир, како и на делницата од селото Лисец кон Попова Шапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни