Македонија

Забрани за управување и потпис на 17 фирми поврзани со Крмзови

Забрани за управување и потпис на 17 фирми поврзани со Крмзови

Кривичниот суд забрани управување и потпис на сметки на 17 фирми кои се опфатени со истрагата која неоадмна ја отвори Јавното обвинителство, а е поврзана со семејството Кармзови.

Мерката е впишана како „упис на промена“ за правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги „НЕТКОМ ПЛУС“ ДООЕЛ Струмица.

Според решението, против осомничената Зуле Каримова Василева од Струмица, се определуваат мерки на претпазливост – забрана за преземање на работни активности поврзани со управување на правни лица и забрана за дејствување како овластен потписник на трансакциски сметки на следниве правни лица: ММР Компани ДООЕЛ Струмица, НЕТКОМ ПЛУС ДООЕЛ Струмица, ДИАНИТА ДООЕЛ Струмица, САКАОВ-ТРАНС ДООЕЛ Струмица, ВЗВИ Компани ДООЕЛ Струмица, ВИНАС Текстил ДООЕЛ Струмица, АГРО КРМЗ ДООЕЛ Струмица, ФЕРОЦЕМ ПЛУС ДООЕЛ Струмица, КРМЗОВ-МР ДООЕЛ Скопје, АКТИКО Текст ДООЕЛ Струмица, ВИЛА ПАРК ДООЕЛ Струмица, ВАСИЛ ВК КОМПАНИ ДООЕЛ Струмица, ХАНТОНОС ДООЕЛ Струмица, АКТИКО Текст ДООЕЛ, КАМИЛКОМ СР ДООЕЛ Струмица, МИНТИКОС Текстил ДООЕЛ Струмица и КОНТИ Хром ДООЕЛ Струмица.

Во решението е наведено дека мерките ќе траат додека постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата. Судот по службена должност на секои два месеца ја преиспитува потребата од нивно траење. Жалбата не го задржува извршувањето на решението.

Штетата што ѝ е нанесена на државата преку фиктивни зделки за поврат на ДДВ достигнува неверојатни 94 милиони евра, а зад операцијата стојат 15 фирми поврзани со семејството Крмзови од Струмица. Истрагата, која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, опфаќа и 23 физички лица, меѓу кои 4 сметководители и 8 инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП).

Според обвинителката Верица Бержецка Крстева, фирмите склучувале фиктивни купопродажни договори за недвижности кои не биле ни во сопственост на продавачите. Простории се продавале и препродавале по вештачки надуени цени – и тоа по цени од 4.000 до 20.000 евра за квадрат.

Поврзана објаваКрмзови преку поврат на ДДВ испумпале 94 милиони евра од државата

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни