Македонија

Забрзано расте бројот на активни случаи во Македонија

Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје од направени 8.192 тестирањe, регистрирани се 1.250 нови случаи на коронавирус.

Регистрирани сe и 265 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 22 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни