Свет

Зад сцената на морничавиот пазар на црна сперма на Facebook

Зад сцената на морничавиот пазар на црна сперма на Facebook

Идните мајки се повеќе се свртуваат кон групите на Фејсбук каде што мажите нудат да ја донираат својата сперма за малку пари или бесплатно – но често со одредени барања.

Цената на ИВФ во САД се искачи на 30.000 долари, што многумина не можат да си го дозволат. Ова го објаснува процутот на црниот пазар на Фејсбук, каде мажите донираат сперма за многу помалку, но со многу поголеми ризици.

Многумина се согласуваат само на „природно оплодување“ – секс – или „делумно оплодување“, каде мажот мастурбира и продира во жената непосредно пред ејакулацијата. За жените кои одбиваат секс, алтернативата може да биде исто толку понижувачка и небезбедна, со состанок на паркиралишта, хотели или дури и тоалети за да им дадат примероци. Експертите велат дека нерегулираната донација на сперма го зголемува ризикот од сексуално преносливи инфекции, што може да ја остави жената неплодна или со неодржлива бременост.

Во 2017 година, Стејси Никол (32) и нејзиниот сопруг се приклучија на најголемата група за донирање сперма во САД, Сперм Донација САД – тогаш имаше околу 5.000 членови, а сега има речиси 24.000. Сакале да одат во банка за сперма, но кога една нивна блиска пријателка забременила користејќи ги „услугите“ на таа Фејсбук група, решиле самите да се обидат таму да најдат донатор и да заштедат пари. Тие пронашле човек кој бил подготвен да им помогне со вештачко оплодување и му се јавиле кога Стејси имала позитивен тест за овулација. Тие патувале четири часа од Кентаки до Охајо за да се сретнат со донаторот и неговата сопруга на паркинг во казино за да ја добијат својата прва донација на сперма.

„Во основа ја стави својата донација во чаша и ни ја даде… Беше многу чудно. Неговата сопруга беше многу фина, но не сум ни сигурен како ја добија донацијата. Знаеме само дека биле во автомобилот. Сè беше брзо и воопшто не професионално“, се присетува Стејси, пренесувајќи го своето искуство за Дејли Меил.

Нејзиниот партнер потоа и го инјектирал примерокот со шприц, а потоа таа го легнала седиштето и ги подигнала стапалата и повторно ги возела четирите часа до Кентаки. Таа тогаш не забременила, а потоа пронашле друг донатор од Њујорк кој имал „одлични критики од другите членови на групата на Фејсбук“. Ја испрати својата сперма по пошта. Стејси останала бремена, но абортирала. Сепак, таа планира да го користи тој донатор додека не забремени бидејќи, како што вели, е импресионирана од неговата услуга. Иако во 2017 година нејзиниот донор имал 87 деца, а таа смета дека сега се над 200.

„Тој никогаш не ни барал пари. Тој ја испрати донацијата во ледена обвивка. Ни стави дури и ракавици и шприц“.

Методите за размена на сперма се различни. „Вештачкото оплодување (ВИ)“ вклучува донаторот да ја дава својата сперма во чаша или да ја испрати до примачот и обично е фаворизирана од жените во групата, додека „природното оплодување“ (НИ) вклучува ејакулација.

Стејси Никол раскажа како нашле донатор дури по шестмесечна кореспонденција со потенцијалните донатори, одговарање на неважни и „морничави“ прашања и „многу, многу неуспешни разговори со оние кои сакале природно оплодување“.

Сепак, не се сите мажи за тоа. Оженетиот татко Демиен (30), бил донатор на 43 успешни бремености со вештачко оплодување. Демиен има четири деца со сопругата, која го поддржува да донира сперма бидејќи и нејзината сестра се бори со неплодност. Тој изјави за DailyMail.com дека се стреми да донира етички и ако престане, тие жени „можеби немаат друг избор освен да изберат донатор на НИ, да бидат измамени од пари или да добијат СПБ“.

И тоа е само дел од ризикот. Д-р Ејми Бекли, извршен директор на компанијата за дијагностика на неплодност, објасни дека мажите можат да бидат носители на секоја сексуално пренослива болест преку нивната сперма, дури и ако не го знаат тоа.

„ХИВ веројатно би бил најлош, но некои сексуално преносливи болести можат да ја направат жената неплодна. Тоа е огромен, огромен ризик“, рече д-р Бекли.

Исто така, постои ризик да нема ограничувања за количината на сперма што може да донира донаторот, што доведува до зголемен ризик двајца крвни роднини да имаат дете без да знаат дека се поврзани, што може да доведе до деца со когнитивни потешкотии, срцеви мани. и оштетен слух, како и други генетски наследни болести.

Постојат и други генетски некомпатибилности за кои донаторите и примателите можеби не се ни свесни. „На пример, цистична фиброза. Ако вие сте носител на тој конкретен ген, а другиот партнер е исто така носител, тогаш и вашето потомство ќе ја има болеста“, објаснува д-р Бекли.

Нема контрола, нема систем за следење, нема договори и нема начин да се проверат мотивите и информациите што донаторите ги даваат за себе. Не постои заштита на податоците или гаранција дека донаторот нема да се обиде да контактира со детето во иднина.

„Некои мажи веројатно само сакаат дете и не нашле добра партнерка. Некои од нив можеби го користат како техника за запознавање. Сакаат да се среќаваат и да даваат примерок на лице место“, вели д-р Бекли, додавајќи дека мисли дека некои донатори свесно шират сексуално преносливи болести.

„Гледате луѓето кои имаат ваков тип на болести се обидуваат да ги понудат своите примероци без да бидат тестирани затоа што, на пример, поради некоја причина биле одбиени од банките за сперма. Мислам дека ако беше угледна личност, таа ќе поминеше низ банката за сперма и на тој начин ќе ги донира примероците“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни