На говорот на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, кој го нарече Зоран Заев „топ-шоп премиер“ и ги критикуваше предлозите за новите министри, и притоа удирајќи по говорницата, одговори Зоран Заев.
Тој рече дека ваквите реакции од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ следуваат поради тоа што не можат да се помират со фактот дека ќе бидат опозиција и во следните четири години.
„ Нема повеќе пари од ЈСП, го нема ниту Орце Камчев да ви дава пари. Знам дека е тешко да се помирите дека останувате во опозиција уште четири години. Имате право на фрустрации и лични комплекси. Секој ден по некој од партијата ви бара одговорност за изборниот пораз. Ама ќе мора да се помирите дека ние победивме“, рече Заев.
Јанушев ја обвини Радмила Шеќеринска дека дозволила целата Армија да се зарази со коронавирус, за Венко Филипче рече дека сите тендери му биле скандалозни, за Љупчо Николовски дека го упропастил земјоделството, па се повлекол.
.
