Македонија

Заев и Орбан само се поздравиле во Загреб, за азилот на Груевски ќе се разговара во следна прилика

Иако Премиерот на Македонија Зоран Заев требаше да оствари разговор со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, сепак, до истиот не дојде. Двајцата премиери само се поздравиле, а Орбан морал порано да го напушти Самитот на ЦЕИ во Загреб.

Заев и Орбан требаше да разговараат за азилот на поранешниот премиер Никола Груевски, меѓутоа тоа ќе се оствари во некоја следна прилика.

„Во следна прилика ќе го искажеме очекувањето за одговор на барањето екстрадиција за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Република Македонија“ рече премиерот Заев.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни