Заев: Ќе нема општ закон за амнестија

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип изјави дека во следниот период нема да се носи закон за општа амнестија, туку се разговара само за амнестија за настаните од 27 април во Собранието. Притоа, Заев потврди дека добил писмо од осудениците во Идризово дека ќе штрајкуваатр со глад, доколку се донесе амнестија само за учесниците од настаните во 27 април.

-Се разговара за Закон за амнестија за настаните од 27 април, но исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството, организацијата или биле осмислувачи на ваквите громорозни настани. Не се работи за општа амнестија. Македонија донесе закон за општа амнестија, Парламентот тоа го направи пред неколку месеци. Не може ниту една современа држава на секој шест или девет месеци да носи Закон за амнестија. Праксата во светот е општи закони за амнестија да се носат на секое четири до осум години. Така да 30 отсто од тоа што е дозволиво да се амнестира насекаде во Европа беше дозволено и во Македонија. Парламентот ја донесе одлуката преку еден нов Закон за амнестија и тоа е веќе спроведено. Во наредниот период нема да има општ Закон за амнестија – рече Заев на новинарско прашање по денешната дебата за уставните измени, што се одржа во Општинскиот Мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.

Се вчитува...

Извор: ТВ21