Говорејќи на трибина пред неговите поддржувачи во Прилеп, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се радува што Македонија не доби датум за старт на преговорите. Но, за разлика од претходните наврати, синоќа Заев упати гест на адреса на Мицкоски.
Од партијата на Христијан Мицкоски, велат дека на Заев му паднала маската и дека веќе нема што друго да направи освен да употребува навредлив вокабулар.
Премиерот Заев досега немаше настапувано со вакви гестови во јавност, но имаше користено навредливи зборови. Пред неколку месеци го употреби терминот „педер“ за еден од осомничените во случајот „Рекет“, со што предизвика бројни реакции во јавноста.