Премиерот Зоран Заев денеска од Струмица рече дека очекува наскоро МВР да излезе со детали од истрагата за бегството на Груевски од Македонија.
-Јас сум информиран, отприлика знам до каде се стигнати работите, и верувам дека во многу брзо МВР ќе излезат со детали што се случувало во Македонија. Знаеме што се случувало во Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија. Останува прашањето како наши четири земји наши пријатели тоа го дозволиле, од кои три се членки на НАТО“, рече Заев.
Премиерот Заев не очекува раситнување на двотретинското мнозинство во македонското Собрание, откако во привтор влегоа Мијалков, Јанакиески и Божиновски.
-Јас на овој процес во Парламентот гледам како на политички дијалог на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците изјавуваат дека тоа влијае. Се надевам дека ќе останат на своите ставови“, изјави Заев.
Катерина Дафчева