Премиерот Зоран Заев во своето обраќање до граѓаните по враќањето од Брисел и недобивањето датум порача дека е разочаран од одлуката на Европскиот совет, бидејќи не ги исполниле ветувањата.
Воедно порача дека ја презема одговорноста, затоа порачува дека неговиот предлог на утрешната лидерска средба ќе биде организирање на брзи предвремени избори, па граѓаните нека одлучат каква иднина сакаат.
-Организирање брзи предвремени избори, избори најбрзо што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука за патот кој треба да продолжи нашата земја. Токму ова ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Организирање брзи избори за да граѓаните кажат по кој пат да одиме, изјави Заев.