Заев: Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна, туку и ја надмина зацртаната цел

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денеска ги презентира проектите од т.н. „втор инвестициски бран“ кој се реализира во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.

Посочувајќи дека крајот на годината е период кога секој ги сумира резултатите од сработеното, премиерот Заев истакна дека Планот за економски раст во изминатава година не само што ја постигнал, туку и ја надминал зацртаната цел. Во своето обраќање пред присутните премиерот

Се вчитува...

„Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна, туку и ја надмина зацртаната цел. Денешните, овие 65 компании, но и 70- тина од првиот бран добитници на грантови за кофинансирање, секако се само еден доказ за тоа.

Планот за економски раст создава економија со здрави и цврсти темели, а придобивките ги чувствуваат граѓаните, стопанството, како и целата наша земја.

И затоа продолжуваме со засилено темпо. Неколкупати досега реков дека 2019-та ќе биде година на пресвртница во економските политики.

Создаваме буџет кој во 2019-та година ќе ја одржи макро – економската стабилност и фискалната консолидација. Парите на граѓаните, коишто преку даноците влегуваат во буџетот на земјата, уште повеќе и повеќе ќе се наменат за проекти за поддршка на граѓаните во сите категории.

И натаму остануваме на нашата определба за раст на поддршката за домашните и странските инвестиции, со буџет повисок за 37% во однос на буџетот којшто го завршуваме во оваа, 2018-та година.

Цврстата и одлучна посветеност за евроатланските интеграции на земјата ги зајакнуваме со Буџет за растечка економија, за социјална праведност, за поквалитетни здравствени услуги и за подобра живејачка за сите граѓани.

Ве уверувам дека и во 2019-та година владините мерки ќе придонесат за натамошен раст на платите, како и дека ќе го продолжат трендот на вработувањето во приватниот сектор.

Секако би сакал Вам, но и на сите присутни тука денеска да Ви ги честитам претстојните празници и да посакам да се гледаме само во вакви убави прилики и во следната, 2019-та година“, изјави премиерот Заев.

Извор: ТВ21