Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со координативното тело за помирување и интеграција во Собранието. По средбата изјави дека е постигната согласност за процесот за помирување и за изготвување на законско решение.
„Покажавме политичка волја. Со моето гостување ја потврди мојата волја за помирување. Волја и желба постојат од сите страни, но црвените линии не смеат да се поминуваат, и што е многу важно да не ни падне на памет да влијаеме врз правосудниот систем“, рече Заев по средбата, кој нагласи дека треба да се разграничи шот е насилство, а што не е насилство, а што е физичко насилство, додавајќи дека порака за помирување мора да постои, но и за неповторување на насилствата.
„Пораката за помирување мора да постои, но и пораката да не се повторат вакви работи, исто така мора да постои“, рече на крајот премиерот на Македонија.
