Македонија

Заев пречекан со протест во Гостивар – активистите на АА со анти-владини пароли, попречени од полицијата

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, со неговата партија имаше трибина во Гостивар. Кога стигна таму тој се соочи со протест организиран од страна на активистите на Алијанса за Албанците. Со анти-владини пароли, активистите излегла пред придружбата каде требаше да помине Заев. Неколку припадници на полицијата се обидоа да ги отстранат младите од кружниот тек.

Во текот на неговиот говор, Зоран Заев рече дека Гостивар е пример за нашата мултиетничка држава.

Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Димче Арсовски го потсети премиерот на најслабата точка, правосудството.

Инаку, засилени партиски преписки почнаа откако беа објавени предвремените парламентарни избори, иако има уште пет месеци до нивното одржување.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни