Македонија

Заев преку пописот ќе го бара својот двојник со кој бил скаран

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од Битола не пропушти повторно да ја спомене Будимпешта и да го обвини екс-премиерот Никола Груевски за како што вели тој нападите со кои се соочувал.

„Како да има два Зоран Заев. Едниот кој е постојано со луѓето, советниците, градоначалниците и уште еден Зоран Заев кој постојано е мета на напади, fake news иницирани и финансирани од Будимпешта, но пописот ќе покаже дали постои еден или двајца Зорановци со презиме Заев. Ако се двајца бидете сигурни дека се скарани“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од Битола.

Инаку пред изборите, при посета во Битола на новинарско прашање, Заев одговори дека Наташа Петровска е една од градоначалниците која има многу реализирано за градот и дека таа ја ужива довербата кај него и партијата.

Но вечерва Заев претстави сосема друг кандидат за градоначалник, а Петровска ќе треба да се збогува со градоначалничката функција.

Кој ги помеша партиските сметки, засега нема одговор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни