Лидерот на СДСМ Зоран Заев на митинг од Бутел вечерва ја покажа својата прогноза за изборите в недела. Тој вели дека во прв круг неговата партија ќе освои 22 општини, а ВМРО-ДПМНЕ само 6.
„Да не слушнат сите, оти имам нешто важно да ви кажам. На 17-ти октомври, победуваме, победува Гази Баба, победува Скопје, победува најдоброто во целата држава, наша и татковина и мајковина“, рече вечерва Заев.
Тој од Гази Баба ја испрати и првата проценка.
„Нашиот политички противник ќе победи во орвиот круг во 6 општини, ќе добијат 6 градоначалници, а коалицијата на чело со СДСМ ќе победи во најмалку 22 општини“, додаде Заев.
Остануваат уште два дена од изборната кампања, по што в петок по полноќ започнува изборен молк, а в сабота започнува и гласањето на ковид позитивните, болни и изнемоштени граѓани како и затвореници.