Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска беше прашан за Никола Груевски, а тој одговори дека најпрво се чека потрвда дека е во Унгарија.
„Прво не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата“, рече Заев истакнувајќи дека Власта нема да се меша во правосудниот систем.
„Полицијата немаше никакво право без упатен акт да ја попречи слободата на Груевски, ниту да му се доближува, ниту нешто да применува. Мора да постојат судски наредби“, напомена Заев.
