Македонија

Заев со предлог: СЈО во обвинителство за висока корупција на чело со Рускоска

Откако се одложи лидерската средба поради неприсуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премирот Зоран Заев соопшти дека ќе предложат нов закон за Специјалното Јавно Обвинителство. Со новиот закон како што рече, СЈО преминува во досешаното јавно обвинителство со назнака за гонење на висока корупција и ингеренции врз цела земја.

Заев во предлог-законот кој деновиве ќе биде доставен до Собранието рече дека ќе биде предложено Вилма Рускоска да биде на чело на ова обвинителство. Рокот на Специјалното јавно обвинителство истекува на 15. Септември оваа година.  Заев од говорницата во Владата додаде дека со ова ќе се создаде нова форма и дека веќе нема политичарите да одлучуваат за составот на обвинителството, туку тоа ќе биде задача на советот на јавни обвинители.

Пред неколку дена Заев ги покани Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Зијадин Села на лидерска средба, која требаше да се одржи денеска и на која требаше да се разговара за иднината на СЈО, Пописот и измените во Изборниот законик. ДУИ и Алијанса за Албанците ја прифатија поканата за лидерска, но не и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски одби да присуствува на ваква средба, со образложение дека не ја гледа потребада да биде присутен на нешто кое наликува на театар.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни