Премиерот Заев денеска на прес-коференцијата во Владата изјави дека најверојатно во петок ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ за можност да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Заев рече дека сигурно ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар.
„Ова што го најавуваме никако не може да биде запрено, без разлика дали ќе се оди заедно на претседателски со парламентарни избори или само на претседателски, затоа што тоа е составен дел од програмите и Буџетот на РМ. Законот е јасен, не можете да предвидувате и реализирате дополнителни активности доколку се распишани избори, но се што е предвидено во Буџетот, со донесените програми, не претстанува да се реализира и тоа е законот во РМ и тоа Изборниот законик го регулира“ рече Заев.