Македонија

Заев за изјавата на Груби за законот за јазици: Понекогаш ние политичарите знаеме да лупаме глупости!

Забелешките на Венецијанската комисија за албанскиот јазик предизвикаа тензии меѓу премиерот Зоран Заев и пратеникот на ДУИ, Артан Груби. По изјавата на Груби дека цената на мирот, еднаквоста и меѓуетничките односи е неспоредлива со цената на еден закон, Заев рече дека понекогаш политичарите знаат да тропаат глупости.

Но пратеникот на ДУИ, Артан Груби, рече дека карактеристика на премиерот е да згреши па да се извини.

Претседателот на земјата, Стево Пендаровски, не сакаше да коментира пред официјалното објавување на документот.

Во забелешките на Венецијанската комисија се наведува дека во одредени области законот оди премногу далеку наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена. Законот  беше усвоен во јануари 2018 година на без гласовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тогашниот претседател Ѓорге Иванов го употреби суспензивното вето и го држеше во фиока цела година, по што претседателот на Собранието го објави во Службен весник само со негов потпис.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни