Македонија

Заев за оставката: Сите опции беа во мојата глава

Јас сум Зоран Заев, можам да бидам премиер, градоначалник, пратеник, но јас сум човек. Комуницирајќи со пријателите, со народот, сите опции беа во мојата глава. Го почувствував гневот, разочараноста, дури и одредена фрустрација кај нашиот народ. Тоа е горчина, која ја имаме сите, ја имам и јас. Како и секој човек, ме води и мене на секакви размислувања. Но, реков јас немам право да се откажам да се борам, изјави Заев на прашањето за поднесувањето на оставка.

Стана јасно дека само во законскиот рок, односно формирање Пржинска влада и назначување технички премиер, 100 дена пред избори, ќе се повлече од функцијата.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни