Македонија

Загина пешак откако бил удрен од автомобил на скопска обиколница

Загина пешак откако бил удрен од автомобил на скопска обиколница

На 30.08.2022 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во К.П.(68) од Скопје. Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни