Македонија

Загина велосипедист во Тетовско

Во текот на вчерашниот ден, после 17 часот, моторно возило удри во велосипедист на патниот правец Тетово – Брвеница, по што велосипедистот починал на самото место, велат од МВР.

„На 01.01.2019 година во 17,20 часот било пријавено дека на патниот правец Тетово-с.Брвеница, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од А.А.(22) од Тетово, удрило во велосипед управуван од З.С.(61) од с.Долно Седларце-тетовско. Во незгодата на местото на настанот починал велосипедистот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот“.

 

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни