Балкан

Загрижениот Роџер го вика Новак на помош! Проектот на Федерер доживеа ДЕБАКЛ – сега се сети на Ѓоковиќ и Алкараз!

Загрижениот Роџер го вика Новак на помош! Проектот на Федерер доживеа ДЕБАКЛ – сега се сети на Ѓоковиќ и Алкараз!

Проблемите со Лејвер купот го загрижија и Роџер Федерер.

Роџер Федерер е косопственик на Лејвер купот кој се одржа минатиот викенд кога беше поразен Тим Европа и тоа навистина го загрижи. Швајцарецот стравува дека по пензионирањето на великаните ќе се заборави ваквата сензација од турнирот. Тој привлече многу повеќе внимание кај медиумите и навивачите кога се појавуваше на тренинзите и разменуваше удари со играчите отколку самите учесници. Ниту публиката не беше претерано воодушевена.

“Европа дојде во Канада со многу ослабен тим и се надевам дека тоа нема да се повтори. Би сакал повторно да го видам Новак во тимот. Би сакал и Алкараз да игра. Би сакал и двајцата заедно во Тим Европа”. изјави Швајцарецот кој во живо ги следеше натпреварите и поразот на тимот во кој беше до оваа година. Токму на овој турнир Фередер се прости од тениската кариера пред 12 месеци во Лондон.

Роџер особено го погоди тоа што ниту еден од петте тенисери кои се на самиот врв на светскиот тенис не учествуваше на Лејвер купот. Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Холгер Руне и Стефанос Циципас, ниту еден од нив не дојде во Ванкувер, што се одрази на резултатот и сензацијата на овогодинешниот турнир. Тимот од остатокот од светот славеше со дури 13:2. Единствената победа на Европејците ја донесе Каспер Руд против Томи Поло (7:6, 6:2). Тијафо потоа го совлада Хуркач со 7:5, 6:3, а во двојки Алијасим и Шелтон ги победија Хуркач и Монфис со 7:6, 6:4.

Ѓоковиќ двапати учествуваше во Лејвер купот, во Чикаго и Лондон, а младиот Алкараз се уште не дебитирал. Затоа Роџер веќе го подготвува теренот за следната сезона. Повлекувањето на Руне и Циципас имаше негативно влијание врз тимот, но тие дефинитивно ќе бидат кандидати за следната година. Тука е и Медведев кој може многу да придонесе за тимот.

„Моето срце се уште е со Тим Европа и убеден сум дека тимот ќе биде многу подобар во Берлин за една година. Ќе си ја вратиме енергијата и се надевам на нова победа“, потсети Роџер и го најави следниот турнир.

Времето и локацијата на Лејвер Купот исто така не беа соодветни за тенисерите. Оваа година турнирот беше меѓу УС Опен и Дејвис купот, па тенисерите не можеа да одговорат, особено што конкуренцијата е на другата страна на светот. Ѓоковиќ и Алкараз би требало да дојдат од Њујорк во Валенсија, а потоа да се вратат во Европа, за само четири последователни недели, што е тешко изводливо. Останува да видиме дали сликата на овој турнир ќе биде поинаква следната година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни