Македонија

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Голема количина отпад извадена од дното на Охридско езеро кај Трпејца

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Голема количина отпад извадена од дното на Охридско езеро кај Трпејца

Поголема количина отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети, бојлери, телевизори и покуќнина извадиле нуркачите од дното на Охридското Езеро кај Трпејца.

Акцијата ја реализираше „Клубот за подводни активности“ во рамки на годишната програма за 2022 година на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, при Општина Охрид.

Целта, како што соопштија од Општина Охрид, е заштита на Охридското Езеро и подигање на јавната свест.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни