Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров и со тоа затворија уште еден канал за комуникација, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захаров, нагласувајќи дека Москва не е таа што гради нова „железна завеса“, туку дека Европа ја заградува Русија..
„Баш денеска, пред еден час, земјите што ја опкружуваат Србија го затворија каналот за комуникација, не дозволувајќи прелетување на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Земјите-членки на Европската унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација, изјави Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“, пренесува денеска Спутник.
Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија им забранија на руските владини авиони да летаат низ нивниот воздушен простор пред најавената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија.