Македонија

Зајкова: Недела да биде неработен ден за сите

Потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова со предлог недела да е неработен ден за сите. Таа денеска на својот Фејсбук профил објави:

✊🏻Честит 1- ви Мај.

✊🏼Ден на трудот кој се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот кој што се одржал од 1-ви до 4-ти мај 1886 во Чикаго, со цел воведување на 8-часовен работен ден.

👏 Денеска, во време на пандемија да дадеме почит и силен аплауз за сите кои се во првите борбени линии: медицинските работници, полицијата, армијата, медиумите, пожарникарите… сите овие треба да добијат дополнителни бенефиции бидејќи се грижат за сите нас.

🇲🇰Должност на секој од нас е да направиме:

✅1️⃣Македонија повеќе да не важи за земја со евтина работна сила, а да е земја со заштитени работници и валоризиран труд.

✅2️⃣Работничките права да ги штитиме и унапредуваме. Да нема повеќе договори на дело со кои не се плаќа стажот/ придонесите на работникот.

✅3️⃣ЛДП се залага за законски измени, кои ќе обезбедат неделите и празниците да бидат НЕРАБОТНИ за сите вработени во трговијата на мало, како што се продавниците, дуќаните и големите трговски центри, но и за вработените во трговијата на големо.

‼️Да продолжиме да се бориме за секој работник, за секое работно место, особено во време на пандемија и да говориме за правата на работниците останатите 365 дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни