Запленети 1,5 тони марихуана – во тек голема акција во Белград

На територијата на Белград е во тек голема полициска операција на апсења за производство и трговија со дрога, објави денес Радио телевизија Србија.

Во тек се претреси на неколку локации и запленети се повеќе од 1,5 тони марихуана, јавува РТС.