Француско-канадската фармацевтска компанија „Ангани“ го започна првото клиничко испитување на вакцина на луѓе за лекување на алергија на мачки, пренесе АФП.
Кандидатот за вакцина ANG-101 се заснова на развој на „биочестичка која го имитира обликот и големината на вирусот и чија површина е покриена со илјадници копии од главниот алерген за мачки, протеинот Fel d1“, објаснуваат од компанијата.
Првите волонтери за клиничките испитувања беа регрутирани во лондонската болница Ројал Бромптон.
Во тестирањето на животни, третманот предизвика „многу високо производство на антитела способни да ја блокираат алергиската реакција“, изјави за АФП ко-основачот на Ангани, Лопс Феј.
Тековниот третман на алергија се состои од инјектирање на зголемени дози на екстракти од алерген. Ова се нарекува десензибилизација, долг и не секогаш ефикасен процес. За ублажување на симптомите на алергија се користат и антихистаминици.
„ANG-101 е првата од портфолиото на вакцини во развој, насочени кон големи алергии кај луѓето и придружните животни“, рече Луис-Филип Визина, претседател и извршен директор на Ангани, пренесе БТА.
Технологијата беше развиена во Франција од францускиот стартап Angani Genetics, кој беше основан во 2010 година и стана Angani откако влезе во канадска сопственост во 2017 година.