Балкан

Започна повлекувањето на косовската полиција од општините на север

Започна повлекувањето на косовската полиција од општините на север

Косовската полиција потврди дека почнала постепено повлекување од општинските објекти на север, како што било договорено на средбата меѓу вицепремиерот Бесник Бисљими и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, јавува Репортерс.

Заменик-директорот на полицијата за северен регион Ветон Ељшани рече дека одлуката на Владата е прифатена од Управата на полицијата веднаш штом била примена и била испратена „на терен“ на извршување.

– Одлуката на Владата на Косово почна да се спроведува – рече Ељшани.

Ден по средбата меѓу Бисљими и Лајчак, Владата на Косово ги презентираше деталите за што точно договориле, наведувајќи дека главниот фокус на средбата бил создавање предуслови за целосно и безусловно спроведување на Основниот договор од 27 февруари и Охридскиот анекс од 18 март.

Владата во Приштина синоќа соопшти дека е подготвена да придонесе за деескалација на ситуацијата – што го вклучува актуелното намалување на присуството на полицијата за 25 проценти во и околу општинските згради во четири општини на север.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни