Во Азербејџан започна изборната кампања за претстојните предвремени претседателски избори, јави азербејџанската новинска агенција АЗЕРТАЈ.
Кампањата ќе заврши на 6-ти февруари во 08:00 часот. Според Изборниот законик на Република Азербејџан, пријавените кандидати, политичките партии и блокови со нивните овластени претставници и адвокати се обврзани да ја започнат изборната кампања 23 дена пред денот на изборите и да ја завршат 24 часа пред почетокот на гласањето.
Предвремените претседателски избори се закажани за 7 февруари, откако на 9 јануари заврши процесот за пријавување на претседателските кандидати. За претседателската функција ќе се борат 7 кандидати.