Во Владата денеска започна првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите, каде низ дијалог ќе се донесе најприфатливото решение.
На состанокот, според најавите, се разговара за можноста за промена на методологијата која би се донела низ дијалог со сите страни.
Претседателот на партијата на пензионерите, Илија Николоски денеска истакна дека процентуално не би можеле да кажат колку би се зголемиле пензиите, затоа што прво Владата треба да каже колку има средства и врз основа на тоа ќе се направи план.
„Ние имаме три варијанти подготвени за промена на законот за пензиско и инвалидско осигурување“, вели Николоски.
Тој додаде дека варијантите сега нема да ги образложува, туку тоа ќе го направи по состанокот.