Љубителите на фудбалот вечерва од 21:00 часот ќе имаат можност да проследат ново издание на „Мундокаст“ со Никац и Слаѓо, кое ќе се емитува во живо на YouTube каналот на 4TV.mk.
Гости во емисијата ќе бидат селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 20 години, Александар Таневски, новинарите Един Растодер и Адмир Фазлиќ, како и младиот фудбалер на ФК Вардар – пионери, Матеј Николов.
Во фокусот на разговорот ќе бидат актуелните случувања во македонскиот фудбал, развојот на младинските категории, работата со младите таленти, како и предизвиците со кои се соочуваат идните генерации фудбалери.
Емисијата започнува во 21:00 часот и ќе може да се следи во живо на YouTube каналот на 4TV.mk.