Балкан

Заразен! Киријакос Мицотакис има коронавирус

Заразен! Киријакос Мицотакис има коронавирус

Грчкиот премиер и лидер на конзервативната партија Нова демократија Киријакос Мицотакис објави дека има КОВИД-19 во видео на неговите сметки на Инстаграм и ТикТок, објави електронското издание Катимерини.

Прегратките и бакнежите во предизборниот период се секогаш убави, но понекогаш имаат своја цена“, посочува тој. Мицотакис додава дека направил тест за ковид, кој покажал позитивен резултат и ќе мора да остане дома неколку дена.

Дијагнозата бара од него да ја одложи посетата на Атос, планирана за понеделник.

Кирјакос Мицотакис вели дека ќе ја продолжи својата изборна кампања на TikTok.

Тој ја даде изјавата по посетата на Коринт. Во мај минатата година, Мицотакис беше позитивен на коронавирусот по патувањето во Истанбул.

Потсетуваме, во Грција претстојат предвремени избори на крајот на јуни, откако на 21 мај се одржа гласање на кое ниту една партија не постигна доволно мнозинство за формирање влада.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни