Обиколниот пат од Битола кон Ресен е затворен за сообраќај поради протест на ромското население од Баир. Тие протестираат поради немање на електрична енергија.
На патот има запалени гуми, а на местото е присутна и полицијата.
Од АМСМ ни потврдија дека тој дел од патот е затворен поради протест.
Ова не е прв пат ова население да го блокира магистралниот пат Битола – Ресен.