Денеска во затворот Идризово, почна штрајк со глад. Повеќе од 600 затвореници одбија да го земат ручекот, и најавија штрајк се додека не бидат исполнети нивните барања, односно додека не бидат ослободени со Законот за амнестија што се подготвува за учесниците од настаните од 27 април. Меѓутоа и затворениците сега бараат да бидат опфатени со новиот Закон.
Тие со писмо ги известиле надлежните во затворот дека доколку за два дена не бидат исполнети барањата, ќе продолжат со штрајкот, а нивните најблиски ќе протестираат пред Владата.
Премиерот Зоран Заев потврди дека добил писмо од затворениците за барање на амнестија, но тој најави дека ќе нема општ закон за амнестија, туку дека ќе бидат вклучени само настаните од 27 април.
