Затворениците штрајкуваат со глад, Заев вели дека општа амнестија нема да има

Стотици затвореници низ затворите во Македонија почнаа штрајк со глад, барајќи да добијат право на амнестија, исто како што се зборува дека ќе бидат помилувани дел од обвинетите за настаните од 27 април.

„Бараме амнестија која се подготвува само за оние од настаните во Собранието на 27 април. Бараме и ние да бидеме дел од таа амнестија за да биде општа“, затвореник во КПУ „Прилеп“.

Се вчитува...

„Како е можно Владата за оние од 27 април, за една недела да формира Комисија, а за другите затвореници да не се интересира воопшто?

Н: Зошто мислите дека треба да се амнестирате и вие?

-Бидејќи и ние сме дел од оваа држава, и ние сме граѓани на оваа држава, како и оние од 27 април и другите…“, изјави затвореник во КПУ „Идризово“.

Во Идризово, денеска храна одбија околу 700 затвореници, додека во Прилеп околу 40, велат од управите на двата затвора. Затворениците со кои стапивме во контакт, ни рекоа дека нема да јадат ништо сѐ додека не добијат став од Владата. Велат дека се надеваат на позитивен одговор. Но, не чекаа многу долго за одговор. Премиерот Заев им ги уби надежите.

Одговорот кој брзо се прошири на социјалните мрежи, резултираше со прекин на штрајкот, само неколку часа откако беше започнат. Барањето за амнестијата, затворениците го испратиле и до Народниот правобранител, а тоа го потврди самиот Иџет Мемети

„Мислам дека нивното барање е легитимно и можат да бараат. Во Република Македонија, прашањата и законите за амнестија станаа во мода. Многу често се усвојуваат такви закони, кои обично имаат за цел да ја смират ситуацијата“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.

Простување на казната, затворениците почнаа да бараат веднаш откако почна да се зборува за изготвување на посебен Закон за амнестија за учесниците во насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година, но не и оние кои примениле насилство биле организатори или осмислувачи на настаните.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21