Со глад со штрајк, затворениците од Идризово и натаму бараат амнестија. Веќе три дена одбиваат храна, а ТВ21 денеска искомуницира со еден затвореник кој рече дека му е влошена и здравствената состојба.
Од нашата комуникација со затворениците, во Идризово околу 500 од нив продолжуваат со штрајкот со глад. Директорот, Мојсоски, вели дека бројот на тие што одбиваат храна е намален на 270. Тие бараат од владата да ги амнестира исто како што се очекува да се амнестираат учесниците во настаните на 27 април, но како што изгледа власта нема намера да направи такво нешто.
Оваа изјава на Дескоска е иста како таа на премиерот, Заев, кој пред два дена рече дека нема да има закон за општа амнестија, туку само за тие од 27 април, кои не вршеле насилство и не биле креатори. Меѓутоа, затворениците, амнестијата дадена на почетокот на оваа година ја нарекуваат селективна, тврдење со кое Дескоска не се согласува. Затворениците најавуваат протести на нивните роднини доколку владата не ги земе предвид барањата за помилување или повторно разгледување на казните.
Денеска затворениците ги посетија и од Канцеларијата на Народниот правобранител, но од таму ни рекоа дека деталите за состојба ќе ги изнесат утре. Освен од Идризово, ТВ21 од затворениците во Штип и Прилеп дозна дека и таму има десетици затвореници кои се на штрајк со глас, но такво нешто негираше Директорот на Управата за спроведување на санкции.
Репортер: Бесир Арифи
