Општина Тетово информира дека в среда, на 15 јули 2026 година, ќе се спроведе втората просторна (терестрична) дезинсекција на територијата на градот, како дел од редовните мерки за заштита на јавното здравје во летниот период.
Активноста ќе ја реализира овластен оператор според одобрен оперативен план, а целиот процес ќе се одвива под надзор на претставници од локалната самоуправа.
Во пресрет на прскањето против инсекти, Општина Тетово упати апел до граѓаните да ги почитуваат следниве препораки:
- Затворете ги прозорците на станбените и деловните објекти за време на третманот.
- Избегнувајте непотребен престој на отворено во периодот на спроведување на дезинсекцијата.
- Следете ги сите насоки и инструкции кои ќе ги дадат екипите на терен.
Посебен апел до пчеларите: Навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита и затворање на пчелните семејства, со цел да се избегнат евентуални несакани штети за време на третманот.
Од локалната самоуправа нагласуваат дека оваа акција се спроведува со цел контрола и намалување на популацијата на инсекти и претставува стандардна процедура во интерес на здравјето на граѓаните.