Балкан

Заврши акцијата за предавање оружје, сега настапуваат строгите мерки: Кој не предал оружје, а му го пронајдат – казна затвор до 15 години!

Заврши акцијата за предавање оружје, сега настапуваат строгите мерки: Кој не предал оружје, а му го пронајдат – казна затвор до 15 години!

Граѓаните на Србија и денеска можат да го предадат оружјето без никаква кривична одговорност во рамки на акцијата „Предајте го оружјето“. Оние кои не го направиле тоа ги чекаат драконски казни!

Акцијата „Предај го оружјето“ која започна на 8 мај завршува денеска, а до вчера граѓаните на полицијата и предале вкупно 104.275 парчиња оружје и мини-експлозивни направи, изјавија од МВР на Србија.

– Од почетокот на операцијата до сега се предадени 78.302 парчиња оружје, 4.085.000 парчиња муниција и 25.914 парчиња мини-експлозивни направи, а во овие бројки се вклучени легално и нелегално оружје и експлозивни направи, како и оружје што е предадено по смрт на лицето – изјави Отовиќ Пјановиќ:

– Веќе во првите денови беше јасно дека резултатите ќе ги надминат претходните акции. Најголем дел од оружјето е предадено во големите урбани центри, одговорот на граѓаните на територијата на Србија е задоволителен.

Да потсетиме, по двете трагедии во Србија во кои за два дена, 3 и 4 мај, загинаа 17 лица, претежно деца и млади, државата најави заострување на мерките во делот на оружјето и организираше акција да се предадат нелегално оружје. Од утре сите на кои ќе им биде откриено нелегално оружје ќе се соочат со сериозни санкции, а измените во законот предвидуваат построги затворски казни.

Како што изјави претседателот Александар Вучиќ на почетокот на оваа акција, на Министерството за правда му се наложува измени на Кривичниот законик со цел да се заострат казните за недозволено изработување, држење, набавување, размена и држење оружје за кое може да се добие дозвола – кој неовластено го прави тоа, може да се казни со затвор од една до осум години (досега беше и до пет). За оние оружја за кои не може да се добие дозвола, како „калашников“, казната ќе биде од две до 12 години (досега беше осум), за оние што чуваат, носат, набавуваат оружје со силна разорна моќ (бомба, граната) казната ќе биде од пет до 15 години (досега беше две). Тој што неовластено носи оружје и нема дозвола за тоа може да добие до 15 години (до сега 12), а ако има дозвола за оружје, а го носи неовластено, ќе се казни од една до осум години (до сега од шест месеци до пет години).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни