Македонија

Заврши јавниот повик за субвенции за набавка на електрични тротинети – продолжува аплицирањето за субвенции за набавка на велосипеди

Градот Скопје известува дека јавниот повик за субвенции на електрични тротинети заврши. Аплицирањето за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди е се уште во тек. За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Во тек е јавниот повик за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Средствата што Градот Скопје ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.

На минатата седница на советот на Град Скопје донесена е и одлука за субвенционирање на млади лица, за набавка на електрични тротинети и велосипеди. Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица, на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни