Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците во Скопје имаа нова средба за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.
„Имаме напредок во преговорите, следуваат консултации во нашите партии, ќе има известување од партиите“, изјави кратко лидерот на Алтернатива Африм Гаши по средбата со лидерот на СДСМ во оставка Зоран Заев.
Средбата траеше околу 4 часа.