Живот

Збогум, Лолита! Почина една од најстарите орки во заробеништво

Збогум, Лолита! Почина една од најстарите орки во заробеништво

Една од најстарите орки што живеела во аквариумот „Мајами море“ од 1970 година починала на 57-годишна возраст.

Се наведува дека Лолита починала од бубрежна болест, објави порталот Нова.рс.

Активистите за правата на животните со години се залагаат за нејзината слобода и рекоа дека треба да биде вратена на северозападниот дел на Пацификот.

Лолита била наречена и Токи, што е кратенка од индиското име за китот Токитае.

Според претходните најави, 57-годишната Лолита требало да биде пуштена назад во океанот.

Во природата, орките можат да живеат и до 90 години, но во заробеништво квалитетот на нивниот живот значително опаѓа, па во просек живеат од 10 до 45 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни