За прв пат Македонија се споменува во популарната анимирана серија The Simpsons, и тоа на македонски јазик. Во 15-тата епизода од 36-тата сезона, гледачите имаат можност да слушнат дијалог изговорен на македонски, што претставува редок момент за домашната публика.
Во сцената се појавуваат две лица кои му се обраќаат на господин Вoлков со зборовите: „Здраво господин Волков, ние двајца сме големи љубители на бејзбол и сакаме да дојдете да играте за нашиот тим. Другите градови ве сакаат, но дали копнеат по вас? Спрингфилд копнее по вас.“
Овој момент предизвика голем интерес и позитивни реакции кај македонската публика на социјалните мрежи, кои го поздравија вклучувањето на македонскиот јазик во една од најпознатите серии во светот.
